Зграда со фасада од 1.000 врати
„1000 Doors“ (1.000 врати) е уметничка инсталација изработена од јужнокорејскиот артист и дизајнер Choi Jeong-Hwa. Тој поставил илјада користени врати во разни бои на ѕидовите на една десеткатница во центарот на главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Овој проект е изработен во 2009 година, за кој слободно можеме да кажеме дека го држи рекордот по број на врати кои ги има во една зграда.Оваа необична инсталација, го освежува центарот на градот и во уметнички облик, ја раскажува приказната на илјада луѓе кои некогаш ги одбрале овие врати според бојата која најмногу им прилегала на нивните станови.
Несекојдневната имагинација на Choi Jeong-Hwa успева да влезе под кожа кај голем број луѓе. Неговите инсталации изгледаат речиси нереално, бидејќи тој користи секојдневни предмети и ги употребува за да направи уникатни објекти.Купиштата врати делуваат како некоја интересна реклама доколку ја гледате зградата од подалеку, а одблизу изгледа многу интересно.
.
Во врска со неговиот вид уметност, Jeong-Hwa вели: „Не знам баш да цртам, па сфатив дека не можам да бидам сликар, но навистина сакам да пешачам. Така, си имав обичај да си пешачам по улици и тесни сокачиња и притоа видов едно чудо отпад и градилишта. Констатирав дека „обичните“ луѓе градат и создаваат работи, подобро од артистите и професионалците. Плус, она што тие го градеа изгледаше поприродно. Така сфатив дека наместо да постанам уметник, ќе бидам обичен човек кој размислува како уметник.“
Не знаеме за вас, ама нам би ни било страв да влеземе во оваа зграда. Една погрешна врата и можете да завршите „летајќи“. 😀
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.