Заводливи девојки направени од зелка

Заводливи девојки направени од зелка

Артистката Ju Duoqi од Пекинг, Кина изработила заводливи скулптури од полуголи девојки, кои  се моделирани според изгледот на познати личности, како Лејди Гага и Мерлин Монро. Интересното во овие скулптури, е што тие се целосно изработени од зелка, вклучително и облеката, накитот и капите на девојките.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаСвојата колекција т.н. „The Fantasies of Chinese Cabbage“ (Фантазиите на кинеската зелка) ја изработила користејќи нож, за да ги сече различните врсти и бои на зелка, по што парчињата ги спојува со чепкалки за заби. Потоа, Ju ги остава листовите зелка да овенат и на крајот ги готви на различни начини, за да ги постигне различните тонови бои и текстура.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаНеобичната идеја за создавање уметнички скулптури од зелка, кај Ju се јавила во летото, 2006, кога решила да купи неколку килограми грашок. Таа два дена мирно си седела и го лупела грашокот и одеднаш почнала да го ниже на жица. На тој начин констатирала дека од зеленчук може да направи блуза, здолниште, украс за коса и магично стапче. Потоа, се фотографирала себеси облечена во облеката од грашок. Тоа бил првиот уметнички проект на Ju, изработен од зеленчук.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелка

„Во следните две години, честопати глумев дека сум домаќинка, лежерно се шетав нив супермаркетите и на тој начин се забавував. Подзастанував кај тезгите со зеленчук, ги поткревав плодовите, размислував што можам да направам со нив и ги враќав назад. Со мало преобликување на различните видови, облици и бои на зеленчук, може да се добие вистинска уметничка инспирација. Зеленчукот изгледа тотално различно во зависност од тоа дали го користам свеж, исушен, овенат, варен, пржен или закиселен. Повеќе не ми се потребни модели, бидејќи од самиот зеленчук се и актерите и реквизитите за нив.“

Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар