Застрашувачки фото-илустрации на делата од Браќата Грим
Растејќи со огромна шума зад својот дом, Килијан Шуенбергер отсекогаш го привлекувале мистериозните пејзажи и нивните тајни области. Германскиот фотограф одлично ги доловил застрашувачките пејзажи и старите приказни од местото каде што израснал и ги претворил во серија фото-илустрации инспирирани од бајките на Браќата Грим.
Снимени во далечните рурални области на Централна Европа, во колекцијата „Родниот крај на Браќата Грим“ доминираат фотографии од застрашувачка магла, искривени дрвја и темни домови кои изгледаат како да се напуштени. Фотографиите на Шуенберг го будат грозоморното чувство кое произлегува од тишината пред да се случи нешто ужасно, кога секој нерв од човековото тело е на штрек и чека само едно мал звук кој ќе се појави како тивко ехо низ дрвјата.
Неговата исклучителна работа како фотограф е многу поимпресивна отколку што изгледа бидејќи тој не разликува бои. Секако, пред да ги објави фотографиите, тој прво се консултира со колега кој ги проверува боите, бидејќи тој вели дека тие отсекогаш биле игра на среќа за него. Но, во неговата колекција фотографии со шуми тој оваа пречка ја гледа како предност.
„Јас не морам визуелно да ги одделувам поединечните бои и токму затоа можам целосно да се фокусирам на структурата со цел да направам убедувачка фотографска композиција,“ вели тој.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.