Запознајте ја палмата „елеганс“: преубавата салонска палма која ќе го освежи вашиот дом
Нежните, издолжени лисја на елегантните гранки ја прават оваа палма добредојден украс во многу ентериери.
По потекло од тропските џунгли на југоисточно Мексико и Гватемала, овој член на големо семејство палми вирее на релативно ниска надморска височина.
Одгледувачите на ова растение во градинарски центри обично сеат повеќе семиња во ист сад, така што може да добиете повеќе грмушки кои имаат меки лисја во форма на пердуви.
„Елеганс“ палмата е многу издржливо растение, што значи дека ќе издржи да вирее и во сенка и на пониски температури, па дури ќе го преживее и прекумерното наводнување.
Сепак, ќе биде подобро ако за неа одберете светол агол во станот, каде не треба да имате индиректно, филтрирано светло. Внимавајте палмата да не биде изложена на директна сончева светлина бидејќи ова ќе предизвика појава на кафени дамки по листовите.
Ова декоративно растение е, исто така, познато и како „салонска палма“ кому најмногу му одговара густ супстрат кој треба да се додава во почвата еднаш месечно во пролет и лето и еднаш на секои два месеци во текот на есента и зимата. Имајте на ум дека палмите имаат долг корен, па затоа би било добро црепот во кој ќе ја пресадите да биде длабок и тесен.
Во продолжение погледнете фотографии кои ќе ви покажат како палмата може да биде ефективен елемент во уредувањето на домот.
Можеби сакате да прочитате и 12 докази дека клупата во кујната му дава на домот посебен шарм и топлина.