Запознајте го Шег и неговите кул илустрации
Автор: Елена Јошеска
Џош Егл (Josh Agle), познат како Шeг, е американски уметник, илустратор и дизајнер кој работи во Јужна Калифорнија. Прекарот Шег го добил како комбинација од последните две букви од името и првите две букви од презимето. Неговата прва самостојна изложба во 1997 година била прва во низата успешни изложби ширум светот.

„Црна риба“

„Експерт за ефикасност“

„Љубовницата на криптологот“
Во неговите слики доминираат консумацијата и потрошувачката, кои јасно ги изразува со употреба на силни бои. Ликовите пијат, пушат или јадат во луксузно и стилско опкружување.

„Коктели во куќата на Ени“

„Добредојдовте во нашиот славен живот“

„Бањата на кралицата“
Но Шег, визуелноста на сликите ја споредува со одредено сценарио.
„Повеќето од моите слики се наоѓаат во средината на некоја приказна или ситуација. Ликовите се во интеракција и реагираат на тоа што ги опкружува“, вели Шег.

„Бесната екс-девојка“

„Папараци“

„Апокалипсата е одложена“
Шег повеќе се концентрира на наративноста на сликите, на тоа што тие можат да го раскажат. Тој не ја завршува приказната, туку остава гледачот сам да ја создаде и во неа да ја вклопи сликата.

„Врапче“

„Малиот адмирал“

„Малата риба“
Неговото студио има панорамски поглед на Лос Анџелес и е дел од неговиот модернизиран дом во средновековен стил. Сликите на кои работи Шег, ќе бидат изложени во Њујорк, Париз и Токио.

„Лошото момче“

„Queequeg - вонбрачниот син“

„Дозвола за ѕиркање“

„Сезона на јаболки“

„Жешки крилца“

„Проучување на птиците“

„Изгубената книга“

„Невозможен поглед“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.