Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот
Во Германија живее еден постар џентлемен, Турчин по име Али. Тој ѝ го привлекол вниманието на австралиската фотографка Зои Спотен, која го забележала низ берлинските улици, поради неговите фантастично искомбинирани модни комбинации.Фотографката работи во кафуле покрај кое Али секојдневно поминува кога оди накај работа, па така таа секое утро го гледала и го поздравувала, сѐ додека еден ден не решила да започне и да го фотографира, за цел свет да го види одличниот вкус за облекување кој го има овој интересен чичко. Така настанал нивниот блогерски проект т.н. „What Ali Wore“ (Што носеше Али).Блогот се состои од секојдневни фотографии од Али, на кои се гледа неговиот одличен стил. Дотеран со модерни кул вратоврски, елечиња, одела, војничка шара или тексас од глава до пети, Али е едноставно човек полн со елан, кој знае како да се носи. Интересно е да се видат многуте личности кои се спакувани во овој човек, преку неговото модно експериментирање.И покрај тоа што помеѓу младата фотографка и овој Турчин постои голема јазична бариера, сепак нивната комуникација е на одлично ниво. Спотен знае многу малку германски, а Али зборува минимално англиски, но сепак овие двајца секое утро одржуваат мини фотосесија на улиците. И покрај нивните кратки средби наутро, фотографката сепак успеала да дознае нешто повеќе за овој кул човек, освен дека има добро чувство за стил. Открила дека Али е пензиониран доктор кој сега работи како шивач. Живее во Берлин 44 години и е татко на 18 деца! Колку фасцинантен човек е ова!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.