Замислени луѓе наоѓаат мир во прекрасни пејзажи од природата
Елизабет Гад е 21-годишна фотографка која прави фотографии од субјекти кои гледаат во пејзажи кои одземаат здив. Без разлика на тоа дали сцените на фотографиите се во мирно езеро, покрај прекрасен водопад, на работ од карпа или пак, во смирувачка долина, тие имаат неверојатно медитативна моќ која е инспирирана од убавината на природата.
Патувајќи од дивината на Канада, па сѐ до спектакуларната држава Исланд, Гад комбинира пејзажи и човечко присуство што претставува потпис на нејзините фотографии.
„Јас… Хм… Фотографирам пејзажести нешта… со луѓе во нив. Мојата работа вклучува покажување на човечката интеракција со природата на позитивен и мирен начин и се надевам дека ќе успеам да ги освежам и инспирирам сите гледачи.“
Дозволете си да се изгубите во овие неверојатни фотографии од луѓе кои наоѓаат мир во природата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.