Зачекорете во универзумот на кафето
20-годишната артистка од Унгарија, Флора Борси, ја прикажува неочекуваната убавина на кафето во својата нова серија фотографии наречена „Универзумот на кафето“, каде што урбаните и природните пејзажи ги поставува пред прекрасни и кремасти кофеински вртлози. Борси употребува дигитална манипулација за да ги креира овие уникатни фотографии во кои нѐ запознава со светот кој не само што функционира на кафе, туку всушност е целосно направен од овој одличен пијалак.
Типичните улични панорами се трансформирани во надреални глетки кои изобилуваат со различни нијанси на кафената боја високо над небото, целосно преземајќи ја позадината и претворајќи сѐ останато како сцена од сон на љубителите на кафе.
„Јас создадов нешто кое што е многу поразлично од она што досега сте го виделе. Ова е мојот кафе-универзум“, вели Борси.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.