Заборавете на белата и на сивата – кафеавата боја е во тренд во дизајнот на ентериерот
Луѓето сè повеќе претпочитаат кафеава како основна боја во ентериерот, а дизајнерите велат дека оваа боја носи топлина и удобност во собата.
Луѓето бараат малку повеќе топлина во своите простори, но сакаат неутрални бои, а кафената боја остава впечаток на мекост и неутралност.
Дизајнерката Меги Грифин верува дека промената кон потопли бои е одговор на презаситеноста со белата и со сивата боја, како и на дополнителното време поминато дома во текот на изминатата година. По една таква изолациска година, сите бараме топли и пријатни бои, а по долгото владеење на белата и на сивата боја, многумина копнеат по неутрални бои.
Кафеавите неутрални нијанси се вообичаени во простории како што е дневната соба со мебел од кожа или дрво. Но, експертите истакнуваат дека оваа боја можете да ја користите каде било во куќата.
Каучите, столовите, масите и полиците за книги обично се направени од кожа или дрво, така што тие се добра можност да ја внесете оваа боја во домот. Ако сакате да користите кафеав мебел, комбинирајте го со посветли бои.
Иако кафеавата боја може да ги направи просторите попривлечни, дизајнерите истакнуваат дека треба да бидете внимателни. Темнокафеавите ѕидови не изгледаат толку модерно и треба да го избегнувате тој тренд.
Погледнете кои се најголемите трендови во уредувањето на ентериерот за 2021 година според ТикТок.