Забавни сообраќајни знаци
Последните две години некои сообраќајни знаци низ европските метрополи добиваат забавен белег благодарение на францускиот уличен уметник Кле Абрахам. Како вистински герилец, Кле се искрадува навечер и врз знаците поставува добро осмислени налепници кои од обичниот знак прават улична уметност. Тој тврди дека знаците и после неговата обработка ја вршат нивната функција. Според него ова е вистинскиот начин да ги прокоментира правилата во општеството и нивниот ограничувачки ефект врз слободното размислување и изразување на мислата.
За да создаде некое свое дело Кле обично се качува на воланот на велосипедот или на рамената на некој пријател за да може да го достигне знакот и прецизно да ја постави налепницата. Тоа го прави за дваесетина секунди, а ако не е толку брз ќе мора да се соочи со лутите полицајци и да плати казна, што за него не е непознато.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.