Забавната страна на уметноста: Храна изработена од Лего коцки
Јапонскиот професионален артист кој користи Лего коцки за своите дела, по име Тари, ги примамува и привлекува погледите на многу корисници на популарните социјални мрежи како што се Твитер и Фликр со неговите интересни креации на храна. Тој исто така изработува и роботи и ликови од филмовите на „Војна на ѕвездите“, но храната е она што го прави Тари еден од ретките искусни професионални изработувачи на фигури со Лего коцки.
Постојат само 40 експерти во оваа професија во светот и секој од нив е рачно избран од компанијата Лего. Избраниците започнуваат како помошници и постепено се искачуваат на работната скала – процес кој обично трае со години.
„Им велам на луѓето само да градат, градат и градат. Само продолжете да си играте со коцките. Немојте да правите куќа или вселенски брод. Направете го вашето домашно милениче. Семеен портрет. Одете чекор понатаму од она што луѓето обично го прават кога си играат со коцки. Бидејќи тоа е тоа што го правиме“ , вели Пол Чрзан, уште еден професионален изработувач на фигури со Лего коцки.