За вистинските љубители на ентериерот: Најдобрите и најлошите декорации во домот низ децениите
1990 година
Конечно во текот на 90-тите се појавил минимализмот како тренд кој е и сега доста застапен во голема мера. Едноставност, отменост, мирни форми, е сето она што го карактеризира овој начин на декорација што најверојатно засекогаш ќе остане популарен и присутен.
Она што оваа деценија го довела, иако не е лошо во самата суштина, е беж бојата како главна боја што ќе преовладува во ентериерот. Но преголемата нејзина употреба, пренатрупаноста на мебелот во оваа боја и сосема ладните тонови довеле до тоа овој тренд да се отстрани.
2000 година
Сосема ново, во почетокот на третиот милениум за кујните водечки тренд станал челикот во кој се изработувале целите кујни или пак во комбинација со дрво, а сепак тие изгледале совршено и останал тренд кој и понатаму е доста популарен.
Меѓутоа, она што се појавило и брзо исчезнало е слабото осветлување, бидејќи сепак кујната бара јака светлина, поради темните бои на мебелот и елементите. Овој тренд со голема брзина е искоренет од декорацијата на домовите.
2010
Мораме да признаеме дека моментално еден од најдобрите трендови во декорацијата и уредувањето на домовите е оној кој владее во текот на последните неколку години. Светли бои, полно светлина, отменост, минимализам и пастелни нијанси, се најдобриот начин да го уредите вашиот дом и да уживате во нив на најдобриот можен начин.
Она што не ни се допадна се честите цик-цак шари и дезени, кои сѐ поретко се користат, така што оставаат место овој добар тренд со светли нијанси да се надополнува со некои добри и квалитетни елементи.