За вистинските љубители на ентериерот: Најдобрите и најлошите декорации во домот низ децениите
Љубителите на декорациите и уредувањето на домот секогаш се интересираат и неисцрпна инспирација бараат во она што се случувало во минатото, што во некои претходни години и децении било популарно и што било актуелно. Затоа сега „минуваме“ низ трендовите кои доминирале и биле актуелни некаде во почетокот на 20-тиот век, па сѐ до денес и ги опфаќаме најдобрите, но и оние најлошите.
1920 година
Она што е неодоливо, па дури и сега кога некој го има во својот дом, е количката со пијалак која главно има две полици, па на едната се редат шишињата, а на другата чашите за нив. Малку холивудски гламур од 20-тите години од минатиот век… совршено, зар не?
Меѓутоа, она што не било добро и што изгледало малку кич е декорацијата во барок стил која е пренагласена и премногу натрупана, поради што ова е дефинитивно најлошото нешто кое тогаш било во тренд.
1940 година
Подовите во минатиот век биле прекриени со теписони, некои други материјали, и скоро да не постоел дом кој немал нешто на својот под, за разлика од денешното време кога повеќето се ослободуваат од тие навики. Меѓутоа, во 40-тите било доста популарно да имате дипли на подовите, кои изгледале навистина убаво бидејќи даваат еден вид топлина, поради што и денес може да се забележат, особено во кујните и трпезариите.
Но, покрај нив, она за кое многумина не се одлучувале и тоа најмногу поради практични причини, е линолеум во разни дезени кој е добро што „исчезнал“ од светот на ентериерот и декорациите.
Продолжете на следната страница доколку ве интересира кои трендови доминирале во наредните години, а кои за жал „испариле“ од нашите домови.