За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

Во Токио неодамна се отвори хостел што личи на вистинска книжарница, познат како Book And Bed Tokyo. Со оглед на тоа што тој стана многу популарен, на 2-ри декември ќе се отвори уште еден таков хостел, овој пат во Кјото. Исто како и во хостелот во Токио, гостите ќе спијат во кревети вградени во самите полици за книги. Освен тоа, ќе бидат опкружени со фантастичен избор на 5.000 книги на англиски и јапонски јазик.

За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

Сите љубители на книгите ќе уживаат во ова ново удобно катче! Цените се движат од 39 долари од вечер па нагоре. Погледнете како изгледа овој необичен хостел што веднаш ќе ве натера да се сместите во креветот во придружба на некоја интересна книга…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар