За храбрите и различните девојки: Најдобрите тетоважи за гради
Ако веќе некое време размислувате да си направите тетоважа, но не сте сигурни каде би ја поставиле, имаме одлична идеја за вас! Сè поголем број млади дами одлучуваат да го декорираат делот околу градите, како и самите гради. Ако се одлучите на овој чекор, мора да знаете дека колку што е тетоважата поблизу до коската, толку повеќе ќе ве боли. Но, сметаме дека таа навистина вреди. Зарем има подобар начин да го покажете своето ценење за неверојатните гради?
1. За нежни и слатки девојки
Најчестите тетоважи од овој тип опфаќаат животни и ликови од цртаните филмови. Тие изгледаат одлично на оваа позиција, особено ако одговараат и со карактерот на самата девојка.
2. За трендсетерки и хипстерки
Овие мотиви брзо стануваат тренди, па можете да бидете едни од ретките што покренале некаков тренд. Минималистичките, геометриски цртежи, цвеќињата и лисјата се најчесто забележувани на овој дел од телото.
3. За љубителки на природа
Оние што се поврзани со природата, секојдневно црпат неизмерна енергија од неа. Па, зошто да не ја нацртате природата на себе, и да ја носите каде и да одите?
4. За кул и опуштени девојки
За вас најдобар избор се неочекуваните нешта, силните пораки, феминистичките ставови и модерната уметност. Овие тетоважи секому му стојат, но ако се најдат на вистинската личност – се претвораат во совршенство.
5. За девојки што се во чекор со трендовите
Тренди тетоважи се оние што ги гледаме насекаде, кои дури и покрај големата раширеност едноставно не изумираат.
6. За љубителки на уметност
Оваа категорија е една од најретките. Тука спаѓаат сите мотиви без значење, односно оние цртежи што изгледаат прекрасно, но што немаат никаква форма, иако се составени од милион делчиња.
Погледнете ги и овие минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни!