За дом како од списанијата: 8 едноставни и евтини трикови за декорација

За дом како од списанијата: 8 едноставни и евтини трикови за декорација

Кога прелистуваме списанија или пак гледаме фотографии на Интернет, честопати започнуваме да размислуваме како претходно не сме се погрижиле нашиот дом да изгледа баш така. Чисто, уредно, елегантно… Сепак, надежта умира последна, бидејќи со овие 8 мали и евтини трикови за уредување на вашиот дом, тој сè уште може да изгледа како од страниците на списанијата.

1-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

1. Купувајте букет цвеќе еднаш неделно

Или едноставно наберете го. Важно е да знаете дека цвеќето ќе го разубави вашиот дом.

2-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

2. Местете го креветот секое утро

Не дозволувајте да ве води мислата: „Зошто да го наместам креветот наутро, кога повторно ќе легнам во него навечер?“ Кога ќе ги наместите перниците, ќе ја затегнете постелнината и врз неа ќе ставите покривка, освен што собата ќе ви изгледа поуредно, исто така ќе се чувствувате поубаво и кога ќе се спремате за спиење.

3-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

3. Наместете придушувачи на прекинувачите за светло

Наместо да купувате ламби, на прекинувачите за светло наместете придушувачи со кои едноставно ќе ја дозирате светлината со која сакате да биде осветлена просторијата.

4-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

4. Променете ги перниците

Перниците треба да го освежат изгледот на секој двосед, тросед или фотелја. Тие не се скапа инвестиција, но исто така можете многу лесно и самите можете да сошиете неколку перници. Најдобро би било тие да бидат што „побушави“ модели со цел да делуваат помеко и поудобно.

5-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

5. Поставете една или неколку кутии за собирање непотребни нешта

Поставете ја оваа кутија на стратешки места. На пример, во дневната соба каде што ги оставате списанијата, хартиите, сметките или што било друго што подоцна би можело да прави неред. Откако ќе се наполни, исфрлете го сето тоа што е непотребно или наместете го онаму каде што му е местото. На овој начин никогаш нема да имате неред во вашиот дом.

6-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

6. Вложете во нови, убави пешкири

Од честото перење пешкирите можат да станат груби и избледени. Освен што ќе ви биде попријатно во новите и меки пешкири, исто така нема да се посрамотите кога ќе ви дојдат гости.

7-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

7. Поставете свеќи на добри места

Свеќите можат да дадат дискретна и прекрасна светлина, но исто така може да ја исполнат просторијата со преубав мирис. Поставете една или две во бањата, дневната или спалната соба. Совет плус: Штотуку изгасната миризлива свеќа ставете ја накратко во својот гардеробер за да добие прекрасна мирисна нота.

8-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_

8. Исчистете ги корнизите, прозорците и ролетните

Доколку покрај чистењето со правосмукалка и бришењето на прашината ги исчистите и местата каде што секогаш има многу прашина, а тоа се корнизите, прозорите и ролетните, вашиот дом дополнително ќе заблеска од чистота и ќе ви биде многу пријатно место за престојување.

9-za-dom-kako-od-magazin-8-ednostavni-trikovi-za-dekoracija-na-domot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар