Врата која ќе ве заштити од земјотрес
Сите знаеме дека во случај на земјотрес, треба да најдеме сигурно место за да се засолниме од евентуалните рушевини кои можат да следуваат. Најсигурно место е влезот кај вратата, бидејќи тука конструкцијата на градбите е најцврста и најчесто е последно место што страда при силни потреси. Тесниот влез на вратите не врши баш голема работа во таа насока.
Затоа, Younghwa Lee, студентка на постдипломски студии по дизајн на универзитетот Кингстон во Англија, измислила врата која е посебна зашто може да гарантира поголема безбедност во услови на земјотрес.
На оваа идеја Younghwa Lee дошла по катастрофите што ги доживеа Хаити, со цел да овозможи поголем број на преживеани случаи при катастрофални земјотреси.
Нејзиниот дизајн претставува врата која има носечка оска во централниот дел по хоризонтала. Тука вратата се витка и со тоа создава место каде можат да се засолнат луѓе при ваква елементарна непогода.
Долниот дел од вратата останува прицврстен за подот, за да биде поцврста потпора. Бидејќи вратата ќе биде наведната под агол кога ќе се наоѓа во мод за земјотреси, рушевините ќе се лизгаат надолу, наместо да се собираат горе.И тоа не е сè. Вратата има мало кабинче во кое се складирани џебна батерија, вода и медицински резерви. Под една ваква врата може да собере до двајца луѓе.Younghwa ја има дизајнирано вратата мислејќи, пред сè, на Истанбул, каде според едно истражување е пресметано дека има 70% шанси градот да биде погоден од земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтеровата скала, пред 2030 година, кој може да резултира со 150 000 фатални случаи. Таа смета дека вратите ќе можат да се постават евтино низ многу домови во градот.
Loso prevedeno od srpski (ne vikame “sklonat”)
Па не викаме, ама велиме, кога ќе ни се испушти 🙂 Не е превод од српски, но благодариме за забелешката.