Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?
Паркурот официјално не е признаен како спорт, но никој не може да негира дека за да се практикува неопходно е добро да се развијат телото и умот. Тоа е извонредна вештина составена од трчање, качување, скокање, прескокнување, нишање итн, кои кога ќе се спојат заедно даваат можност за брзо и креативно совладување на секакви препреки. Убавината на таквиот чин доаѓа не само од големината на предизвикот, туку и од инвентивноста на трасерот (оној кој вежба паркур), а тоа на оние од оваа галерија никако не им недостасува.Ако овие фотографии ви го разбудија интересот за паркур, прочитајте повеќе за паркурот во Македонија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.