Воодушевувачки пејзажи сликани од вселената
Честопати не ја цениме доволно убавината на пејзажите на планетата Земја, погледнати од земјена перспектива. Но, одозгора, спектакуларните сцени се воодушевувачки. Европската вселенска агенција на дневна база објавува сателитски слики направени од вселената.

Пустината Намиб, 7 јануари 2012 година
Картографите можеби инстантно ќе можат да ги идентификуваат сите улици, градби и земјени облици, но за нас, останатите, овие фотографии изгледаат како уметнички слики со убава композиција, исполнети со јаки бои.

Устието на реката Мисисипи, 3 октомври 2011 година
Овие слики ни овозможуваат накратко да ја разгледаме нашата планета од една уникатна перспектива, а истовремено нè потсетуваат колку ние луѓето сме мали во однос на неа.

Северозападен Крит, компилација од слики направени на 28 август и 13 октомври, 2010 година

Река крај дождовна шума во Бразил, компилација од слики направени на 2 јануари, 1 февруари и 3 март, 2012 година

Буен планктон, 19 август 2009 година

Вулкански планини Верунга, компилација од слики направени на 27 март 2003, 5 јануари 2006 и 12 август 2010

Импресивното устие на реката Ганг, компилација од слики направени на 20 јануари, 24 февруари и 31 март, 2009 година

Либиската оаза во Ел Џаф, 24 јануари 2011 година

Глечерот Kangerdlugssuaq, Гренланд, 19 септември, 2012 година

Клируотер Езера, Канада, 9 септември 2010

Островот Елба, Италија, компилација од слики направени на 29 ноември 2008, 7 февруари 2009 и 21 август 2010 година

Артистички вртлог во Атлантски Океан, 6 јуни 2010 година

Пејзаж во Перу, 4 мај 2011 година
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.