Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

На автомобилското шоу во Пекинг 2016, Волво го откриле својот неверојатен концепт за внатрешен дизајн кој доаѓа како дел од моделот С90.

(1) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

„Со овој ентериер ние сакавме да создадеме парче уметност, скулптура. Создадовме многу оригинални концепти и им дадовме живот“, вели Робин Пејџ, потпретседателот за внатрешен дизајн во компанијата Волво.

Главните карактеристики вклучуваат 2 индивидуални задни седишта, одвоени од поголема централна конзола која ги содржи контролите за греење, ладење, како и функциите за масажа. Дополнително, постојат и маси кои се собираат за секој од патниците на задните седишта, заедно со 2 држачи за чаши кои можат да греат или ладат. Постои и фрижидер на центарот од конзолата, помеѓу двете седишта, која доаѓа со 2 кристални чаши.

(2) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

Предното патничко седиште е отстрането и на негово место се наоѓа затоплен дел за одмор на нозете, заедно со мал простор за складирање и монитор кој може да се собере. Ова му овозможува на патникот способност да работи во движење или пак, да гледа филмови за време на долгите патувања. Погледнете…

(3) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар