Волшепство подарено од природата
Филип Кулисев е фантастичен словачки фотограф и истражувач, кој е „виновникот“ за овие фасцинантни фотографии од кои ќе ви се „насмеат“ очите, ќе почувствувате спокој во душата и ќе се исклучите од реалноста, уживајќи во совршената мајка природа. Ултра-талентираниот Кулисев има одлично техничко познавање, а неговото совршено чувство за баланс му овозможува вешто да ги комбинира сенките и светлината во неговите фотографии.
Уште на млада возраст, добил интернационално признание за кое поголемиот број професионални фотографи сонуваат целиот свој живот. Тој е почитувана личност од страна на новата генерација словачки фотографи. Во 2001 година ја основал компанијата „Amazing Planet“, која е специјализирана за изработка на ексклузивни фотографии, книги, календари, дивидија и др.
Филип Кулисев изработил доволно фотографии за да направи дури 140 индивидуални изложби во својата родна Словачка, во Виена, Будимпешта, Прага, Брисел, Сиднеј, Вашингтон, Кливленд, Ванкувер и на Карипските острови.
Покрај другите значајни награди и признанија, Кулисев во 2008 година добил сертификат во Лондон со титула КЕПФ (Квалификуван Европски Професионален Фотограф), за категоријата пејзажи.
Во ноември 2010, тој бил награден за истата категорија со титулата „КЕПФ Мастер“, која ја имаат добиено само двајца фотографи во светот. Оваа титула е највисоката награда која е резервирана за професионалните фотографи, кои покажале импресивни способности во нивната работа.
Според интернационалната комисија, Филип Кулисев покажал исклучителни креативни способности, демонстрирајќи ги преку извонредно техничко и уметничко совршенство во неговата област.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.