Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено

Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено

Едноставно познато под името Сино Езеро, ова прекрасно вештачко езеро во градот Биеи на островот Хокаидо во Јапонија ја менува бојата пред очите на неговите посетители. Во зависност од тоа како паѓа светлината или како што вели јапонскиот фотограф Кент Шираши „во зависност од климатските услови“, сликовитото езеро може да варира од тиркизно сина, кон смарагдно зелена боја.

Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено

Во октомври и ноември оваа година, Шираши ги направил фотографииве кога езерото е зелено во придружба на дрвца покриени со снег.

Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено

Вештачкото езеро било направено како дел од систем за контрола на ерозијата, кој бил изграден за да се спречи настанок на штета во Биеи, во случај на ерупција на вулканот Токати. Сè уште не е во целост откриено зошто се појавува сината боја на езерото по која е познато, но се припишува на присуството на алуминиум хидроксид во водата, кој ја рефлектира сината светлина со пократка бранова должина исто како што тоа го прави атмосферата. Ова е место како создадено од бајките за љубителите на природата и фотографите.

Волшебното Сино Езеро во Јапонија кое станува и зелено


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Перо Reply

    WOW WOW WOW

Остави коментар