Волшебно нашминкани очни капаци
Дваесетиедногодишната шминкерка Кети Алвеш креира детални цртежи на очните капаци, користејќи шминка за секојдневна употреба. Кети работи како графички дизајнер во печатница во Порт Пери, населено место во близина на нејзиниот дом во Онтарио, Канада.
Во нејзиното слободно време, употребувајќи шминка, четка и игла за најситните детали, таа слика сцени од филмови или оригинални дизјани на сопствените очи. За секое око троши по барем еден час за да го комплетира. Нејзина најголема инспирација се сцени од анимираните филмови на „Дизни“, како што се „Малата сирена“, „Кралот лав“ и други.
Доколку ви се допаѓа ваквата примена на шминката, погледнете како на креативен начин може да се употреби и друга козметика.
Со обична шминка девојката создала чиста уметност. Многу креативно и инспиративно.