Волшебни облачни фотографии кои успокојуваат
Њујоршката фотографка Керолин Маркс Блеквуд има навистина изострен вид, кога станува збор за уловување на основните елементи кои ја сочинуваат природата, како што се боите на облаците во небесната широчина или топењето на мразот во реката Хадсон и нивно претворање во спектакуларни моменти сосредоточени во апстрактна фотографија.Нејзината фотосерија со небесни фотографии, поседува многу моќен уметнички квалитет. Таа ги поминува работните часови во нејзиниот дом, чекајќи го вистинскиот небесен момент, кога заоѓањето на сонцето ќе предизвика совршено искомбинирана палета од бои.Во однос на процесот на нејзината работа таа објаснува:
„Понекогаш ми се потребни неколку недели за да ја направам фотографијата кон која сум целела. Кога конечно ќе ги направам сите фотографии кои сум ги планирала за мојата фотосерија, единствено нешто што им правам пред мојот компјутер, е намалување на нивната големина. Никогаш не ги обработувам. Убавината на овие облаци е она што ме придвижува и теши, и покрај тоа што станува збор за една необична убавина.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.