Претходно
Водете љубов, а не војна!
Датум: 07 апр 2012
Серијата фотографии „Водете љубов, а не војна“ на модниот фотограф Стивен Мајзел е направена за септемвриското издание на италијанскиот Вог од пред пет години. Ги претставува војниците во сред воена зона во Ирак, кои наместо да војуваат, заедно со бројни фото модели зазеле позиции кои асоцираат на водење љубов.Овие фотографии предизвикаа многу контроверзи. Тие беа повод Мајзел да биде критикуван со образложение дека ù дава гламур на војната во Ирак, и покрај извонредниот уметнички впечаток и пораката која ја пренесуваат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Оваа фотосесија е инаку инспирацијта на Мелиса Матсоукас да го режира спотот на “We Found Love” од Ријана.