Во потрага по локациите на познатите филмски сцени
FILMography (FILM+photography) е оригинален проект во тек на Кристофер Молоуни (@Moloknee). Тој е во потрага по вистинските локации на популарните филмски сцени каде што прави композиција од фотографии и реалните локации каде што тие биле снимани.

Појадок кај Тифани - Tiffany & Co., Њујорк
Молоуни, новинар кој живее во Њујорк, вели дека идејата му дошла еден ден додека се враќал од работа. Неговиот превоз го пренесол низ Централ Парк каде што тој препознал неколку локации каде што биле снимани голем број филмови кои тој ги имал гледано. Тогаш одлучил да одбере дел од тие сцени и да ги испечати како фотографии, па да ги спореди со истите локации од сегашноста преку внимателно спојување на нивниот агол и перспектива. Резултатот се следниве фотографии.

Џуџе - Textile Building, Њујорк

Сам дома - Radio City Music Hall, Њујорк

Одмаздници - Bethesda Terrace, Њујорк

25-от час - Carl Shurz Park, Њујорк

Светците од гетото - Торонто

Карлитовиот пат - Grand Central Terminal, Њујорк

Леон: Професионалецот - Harlem, Њујорк

Дух - Federal Hall, Њујорк

Кралот на рибарите - Central Park, Њујорк

Имате пошта - Riverside Park, Њујорк
Ако ви се допаѓаат овие фотографии, погледнете ја целосната колекција од Кристофер Молоуни на Tumblr.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.