Во гаражата на Ралф Лорен
Страста за добар стил на Ралф Лорен е светски позната, но навистина може да биде засенета од неговата пасија за автомобилите. Модниот магнат ја има една од најимпресивните колекции на автомобили во светот, којашто вклучува 100-годишна автомобилска историја со неверојатно ретки и секако скапи автомобили.
Бугати од 1983, Ферари Теста Роса од 1985 и Ламборгини Мурчелаго од 2010 година се најсветлите точки во неговата колекција. Гаражата на Лорен е музеј на автомобилската индустрија, архива на моќни машини коишто го претставуваат врвот во мотоспортот. Доста зборови… Ве оставаме да уживате во величествената колекција на едниот и единствен Ралф Лорен.
lele se bi dala za edno krukce so bilo koja od ovie haha =]