Визуелно претставување на невротичните нарушувања
Фотографот Џон Вилијам Киди во минатото имал проблеми со анксиозноста и други невротични нарушувања, но денес од тоа црпи инспирација во својата уметничка дејност. Неговата серија фотографии насловена „Тешко се забележува“ се обидува визуелно да го претстави она со кое луѓето со вакви проблеми секојдневно се соочуваат.
Неговата цел не е само да го прикаже тоа, туку и на „нормалните“ луѓе да им го постави прашањето што всушност е нормално кога само малку луѓе ги исполнуваат критериумите на нормалното.
„Се чудам како може да се стави толку ограничена и цврста етикета на нешто што постојано се менува,“ вели тој. „Немам намера да му држам лекции на светот, но сакам да си дозволам јас да бидам јас.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.