Вистински луѓе или восочни фигури?

Вистински луѓе или восочни фигури?

Оваа фотосесија со пливачи е креирана од страна на уметникот Carole Feuerman од Менхетен. Интересното во овие фотографии е тоа што моделите кои ги гледате на нив, не се вистински луѓе, туку совршено извајани восочни фигури. Ви звучи неверојатно? Поверувајте!Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?50-годишната Керол поминува исцрпувачки 6 месеци над секоја скулптура, но нејзиниот макотрпен труд „де факто“ се исплати, со оглед на тоа што една скулптура ја продава по цена 250.000 фунти. Нејзините модели се толку реалистични и „живи“ што луѓето кога ќе ги погледнат, честопати не можат да препознаат дека тоа што го гледаат пред себе е восок, а не човек од крв и месо.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Колекцијата хиперреалистични скулптури опфаќа разнообразни женски и машки восочни модели облечени во костими за капење или бикини. Секоја скулптура е различна личност, со посебен идентитет и карактер, а капките кои се лизгаат по „кожата“ ја прават нивната реалистичност уште пореална.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.

„Моето студио може да ги изненади посетителите, бидејќи е секогаш пренатрупано со разни делови од човечкото (т.е. восочното) тело, поради што повеќето честопати малку се вознемируваат кога ќе влезат внатре.“ – вели Керол

Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.

„Додека создавам и бојам некоја скулптура, луѓето кога зборуваат за истата, ја употребуваат личната заменка „тоа“. Но, кога делото е завршено, луѓето потсвесно почнуваат да ги нарекуваат „тој“ или „таа“ – за мојата уметноста зборуваат како за вистински луѓе. Дури и оние луѓе кои работат со мене години наназад и се навикнати на мојата уметност, го прават истото.“ – додава таа

Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.

„Дизајнот на моите восочни скулптури ретко е вајан според телото на еден човек. Најчесто го користам лицето на еден човек, торзото од друг, а рацете и дланките од трет. Некои скулптури ги имам изработено од деловите на телата на 6 различни луѓе.“

Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?За воопшто да го започне процесот на изработка на некоја скулптура, Керол најпрвин прави калап од делот од човечкото тело што ù е потребен, така што го премачкува со полиестерова смола и го облепува со газа. Кога смесата ќе се исуши ја одлепува од телото и калапот е готов. Откако ќе го создаде восочниот модел, таа внимателно го струга со шмиргла за да му ја направи кожата мазна како човековата. Потоа неколку седмици го прска моделот во стотици слоеви спреј во кожа-боја и му прикачува коса од природно влакно, за да му даде целосно реалистичен изглед.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.

„Мојата цел како уметник не е само да создадам реалистични модели. Не се обидувам да го правам она кое што го прават во Мадам Тисо и едноставно да создавам „живи“ скулптури. Мојата уметност раскажува приказна и јас сакам набљудувачите да бидат дел од неа и вистински да ја почувствуваат емоцијата која ја пренесува карактерот на секоја скулптура.“

Погледнете како изгледа процесот на изработка на восочно торзо, од ултразгодниот манекен Richard Nuzzolese. 🙂

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар