Висечки кревети – модерен детаљ за секој дом
Автор: Елена Јошеска
Висечкиот кревет внесува чувство на илузија и забава во собата. Со додавање на јаже, креветот не само што е посигурен, туку и личи на голема лулашка. Тоа ги прави висечките кревети погодни за секаков вид игри.Јажето може да ги надополнува топлите тонови во собата. Ако нијансата на тепихот или ѕидот е слична со нијансата на јажето, тогаш висечкиот кревет одлично би се вклопил дури и во најформалната спална соба.Висечките кревети можат да се вклопат во секоја тематска соба. Тие можат да направат собата да изгледа како подморница, или како некое рајско место. Атмосферата во собата може да се дополни со поставување на ламба покрај висечкиот кревет.Доколку креветот е поставен пониско, на тој начин во собата се создава смирена и релаксирана атмосфера. Креветот изработен од природни материјали, како што е дрвото, е вистински избор за оние кои ги почитуваат правилата на фенг шуи. Висечките кревети се доста практични. Делот под креветот може да се искористи за складирање на разни предмети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.