Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка
Професионалниот фотограф и авантурист Сергеј Луканкин, неодамна патувал во Северна Норвешка, за да ги овековечи спектакуларните пејзажи на островите Лофотен и Сења. Користејќи камера на дрон, Луканкин креирал спектакуларно 4К видео коешто одозгора ги прикажува неверојатните убавини на овие острови и овозможува ретко видена глетка кон ледената земја на чудата.
Камерата се издига и протега над легендарните убавини на Арктикот и ги опфаќа бескрајните снежни планински врвови, гигантските фјордови и ледените океански крајбрежја. Долгите, кривулести мостови од своја страна, овозможуваат витална конекција помеѓу ретко населените градови, од каде што наѕираат разнобојните дрвени куќи распослани по островите.
Честопати е опишувана како „Земјата на полноќното сонце“, а луѓето коишто живеат во Северна Норвешка, искусуваат 24-часовна дневна светлина во дел од летниот период и 24-часовна темнина кон средина на зимата. Исто така, ова е едно од најдобрите места во светот за да ги погледнете неверојатните сини и зелени спирали на небото создадени од поларната светлина Аурора Бореалис, поради минималното светлосно загадување коешто го има тука.
Видеото од Северна Норвешка ја доловува магијата на овој бескраен пејзаж, па може дури и да ве мотивира да ја посетите.
Може да ве интересира и оваа фото-прошетка низ убавините на Норвешка.