Видео: Како се прави песочен часовник?
Марк Њусон е еден од најпризнаените и највлијателните дизајнери од неговата генерација. Неговиот опсег на работа е широк и се протега од изработка на секојдневни предмети, велосипеди и автомобили до јахти и неколку препознатливи скулптури изработени за неговите клиенти. Списанието Time Magazine го стави на листата на стоте највлијателни луѓе во светот. Моментално живее во Лондон, а неговите дела се поставени во повеќе галерии низ светот, вклучувајќи ја и најпознатата MoMa во Њујорк.Песочниот часовник е најновата креација на овој австралиски дизајнер. Погледнете го краткото видео и видете одблизу како е направен безвремениот часовник.
Во овој контекст, можеби би ве интересирал и процесот на правење на печатарската боја.