Ви се приспива на работа? Прилегнете си!
Во текот на еден типичен работен ден, многу вработени почнуваат да се чувствуваат преморено во периодот после пладне. Кој не би сакал да може барем накусо да дремне и да си ги наполни батериите, пред да започне турбо да ги завршува дневните обврски во последните часови од работниот ден? За жал, спиењето на работа не е одобрено во голем број компании, но една фирма се надева дека ќе ги охрабри кусите моќни дремки, од кои ќе имаат придобивка и вработените и работодавачите.
Оваа футуристичка фотелја им овозможува на нејзините корисници да се одморат во голема удобност и приватност, додека здивнуваат од работниот ден. „EnergyPod“ е конструирана од страна на компанијата „MetroNaps“, а истата содржи штит за поголема приватност, вградени звучници низ кои свири музика која ја елиминира канцелариската бучава и суптилни вибрации и светла, кои нежно ќе ве разбудат откако ќе дремнете. Нема потреба да се грижите дека премногу ќе се успиете, бидејќи столицата ви дозволува да поспиете само 20 минути, па така нема шанси да пропуштите некој важен состанок или рок за завршување на задача. Големите компании како Гугл, постојано инсталираат вакви фотелји во голем број од нивните кампуси, за да ја поттикнат целокупната продуктивност и добросостојбата на вработените.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.