Ветрот создал неверојатни замрзнати песочни кули покрај езерото Мичиген
Благодарение на уникатните временски услови, фотографот Џошуа Новицки налетал на неверојатна глетка додека шетал по брегот на езерото Мичиген. На плажата имало голем број бизарни кули од песок кои биле високи и до 30 сантиметри. Овие кули кои изгледале како вонземски веројатно биле создадени од уникатната комбинација на интензивен студ и ветар кој доаѓал од огромното езеро. Ветрот еродирал во замрзнатиот песок, притоа оставајќи позади себе чудни формации.
За жал овој прекрасен спектакл не траел долго време, но сепак фотографот успеал да овековечи дел од него. Погледнете…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.