Весели кученца се забавуваат пливајќи под вода
Подводните фотографии на Сет Кастел се навистина освежување за очите. Полни со живи бои, забавни кучешки положби и бесценети фацки поради кои се топиме пред екранот. Со неговата работа се имаме сретнато и порано, но оваа нова фотосерија, насловена „Подводни кутриња“ е уште подобра.
Секој би помислил дека на фотографот му било многу забавно додека ги правел овие фотографии, но помеѓу играта и забавата, имало и многу напорна работа и тренинзи.
„За да ја направам оваа серија, им давав часови по пливање на повеќе од 1.500 кутриња, градејќи ја нивната доверба во водата и помагајќи им да развијат чувство за безбедност и преживување. Повеќето кутриња пливаа само по неколку минути и не беа спремни за сликање, но некои решија сами да скокнат и да почнат да ги бркаат играчките“, вели Кастел.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.