Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии
Хиперреалистичните слики се многу популарни. Како што и самото име кажува, тие изгледаат премногу реално за да бидат слики, па на прво гледање би се опкладиле дека се работи за фотографии.
Филип Муњос е самообразован сликар кој има диплома по биохемија од Универзитетот во Бристол. Од 2006 година работи во „Jamaica Street Studios“ во Бристол.
„Мојата работа е фокусирана на претставување на гламурот и неговата улога во општествениот идентитет. Конкретно ми е интересна идејата за убавината преку трансформација и концептот на современата возвишеност.“
Во последно време, работата на Муњос е фокусирана на портрети и карактери кои се јавуваат во урбан контекст. Понекогаш слика „close up“ портрети пренесувајќи ги гламурозните детали и модификациите на човечкото лице и тело преку тетоважи и пирсови, а понекогаш едноставно „ги фаќа“ луѓето на минување, како дел од градскиот живот.
„Ме привлекуваат живи, млади и безгрижни карактери. Ги гледам секојдневно надвор од моето студио. Среќен сум што живеам во прекрасен еклектичен дел од Бристол каде што модата и идентитетот се од голема важност и ми овозможуваат константна инспирација и желба за сликање.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.