Величествено цртање со светлина
Цртањето со светлина е една од најинтересните форми на уметност. Уметниците кои работат со светлина, создаваат една поинаква, магична реалност во нивните фотографии. Вес Вели е „зависник“ од светлина, кој преку ден работи во компанија за електрична енергија, а навечер се претвора во величествен уметник.
Можеби ќе звучи неверојатно, но ниедна од неговите фотографии не се обработувани во Фотошоп за да изгледаат вака волшебно.
„Не правам никаква софтверска обработка на моите фотографии. За да ги направам овие светлосни облици, користам електролуминисцентна жица, која ја вртам во круг и го фотографирам моментот додека таа се врти,“ – вели Вес.
Работната опрема на Вес се состои од фотоапарат Canon Rebel XS, електролуминисцентна жица, ленти со ЛЕД диоди, светлечки стапчиња, валјак и триногалка.
„Ги закачувам лентите и жиците на валјак за молерисување и ја користам триногалката за да го вртам и притоа да создадам совршени кругови,“ – објаснува Вес.
За да направи „огнен ефект“, Вес се служи со светлечки стапчиња.
Ве оставаме да уживате во неговите магични уметнички творби.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ова е прилично лесна техника за изработување, само е потребно добро да си го познавате фотоапаратот.