Уживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата

Уживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата

Кога денот е лош, мрачен и сив, најверојатно одвај чекате да се вратите дома и да легнете во вашиот кревет. Во тие моменти кога ќе се „нурнете“ во вашите перници сфаќате колку многу си ја сакате спалната соба. Тогаш сфаќате дека оваа просторија е најважната во домот, бидејќи кога ви е потребно да побегнете од сѐ, кога ви е потребно само ваше катче во кое можете да бидете мирни, опуштени и сами со себе, таа е токму таму за вас. И постои ли поубаво место за излежување со партнерот од топлиот, удобен кревет? За вашата спална соба да биде оаза и во естетска смисла, време е да размислите за нејзиното преуредување за кончено да изгледа онака како што отсекогаш сте ја замислувале. Еве неколку клучни чекори.

1-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

1. Најпрво, пронајдете го вашиот стил. Поточно, одлучете се како сакате да ја уредите вашата спална соба. Дали таа целата ќе биде во розови тонови и ќе изгледа топло и пријатно или пак ќе биде во монохроматски, па дури и во скандинавски стил? Пронајдете инспирација на Инстаграм, Пинтерест или во магазините за уредување на домот. Кога еднаш ќе се одлучите каков впечаток сака да остава вашата соба, ќе знаете што да правите понатаму.

2. Понатаму, пресметајте го просторот со којшто располагате. Едноставно, треба да направите план за желбите и можностите. На пример, сакате голем гардеробер со огледала, полици и други додатоци, а реално нема да можете да го сместите во собата која по површина е премногу мала или пак нема доволна висина. Размислите за секој детаљ.

3-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

3. Прво кревет, па сѐ останато. Секако дека креветот е „центар“ на секоја спална соба, па природно е да започнете од него. Изберете ја големината, обликот и бојата во согласност со вашата оригинална замисла, а според него комбинирајте го и останатиот мебел. Ако креветот зафаќа премногу место, сигурно нема да можете да го сместете секое парче мебел кое сте го замислиле на почетокот.

4. После купувањето на креветот, започнете да го пополнувате остатокот од просторот. Следни во низата се гардероберот, полиците и ноќната масичка која е важна за складирање на работите. Освен по дизајнот, тие би требало да одговараат и по големината, па и овде е потребно добро да размислите. Ако во некој случај имате посебна соба која има функција на гардеробер, тогаш ништо друго освен ноќната масичка не мора да се најде во вашата соба.

4-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

5. Кога станува збор за уредување на самата соба, не мора сѐ да биде под конец, поточно, не мора се да одговара. Немојте да купувате перници, постелнина, маса и столчиња кои одговараат. Купете сѐ различно (или пак во сличен тил) и играјте си со бескрајните можности.

6. Додајте и некои модерни детали, како што се интересните ламби, слики или некое друго уметничко дело.

5-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

7. Кога станува збор за парите, јасно е дека во важните парчиња мебел вреди да се вложат пари. Во тој случај, на ситниците за декорација слободно можете да заштедите. На крај, секако сметката е израмнета, бидејќи на нешто ќе заштедите, а на друго ќе дадете малку повеќе. Само важно е паметно да вложувате.

8. На самиот крај, немојте да заборавите за што навистина служи спалната соба – за спиење и одмор. Значи, немојте да ја „наполните“ со телевизори, компјутери и останати работи кои ќе ве попречуваат во вашите слатки соништа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар