Уживајте во разиграните облаци над Хаваите
Облаците во голема мера го дефинираат животот на Хаваите. Тие ги диктираат условите за сурфање, температурата, повремените дождови и го обезбедуваат рајското ветре, кои ги прават Хаваите речиси идеална дестинација за одмор во текот на целата година.
Режисерот Гевин Хефернан од независната филмска компанија „Sunchaser Pictures“ ги истражил убавините на спокојното движење на облаците над Хаваи, додека бил на службено патување во Оаху. Тој забележал како облаците драматично се појавуваат над планините и спокојно исчезнуваат над океанот и за наша среќа, ја документирал сета таа убавина, во своето тајмлепс видео насловено „Honolulu Clouds“. Разиграните облачиња во комбинација со спокојната и среќна музика, ќе направи да се почувствувате како да сте на еднонеделен одмор на Хавајските острови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.