Уникатно дизајнирани хотели

Уникатно дизајнирани хотели

Во изминатите неколку години, врвни модни дизајнери открија нов пазар за развој на нивната дејност – дизајнирање хотели. Тие дизајнираа уникатни и раскошни соби ширум светот за да ги задоволат вкусовите на патниците.

Хотелот „Г“ во Исланд, дизајниран од Филип Трејси

Внатрешниот дизајн на хотелот „Г“ одразува јасно дефиниран вкус, со храбро расфрлани бои и дезени. Розевиот салон, наречен така во вистинска смисла на зборот, е целиот обоен во жешко розева боја, а во иста боја е и дезенот на столовите. За овој салон карактеристичен е и црно – белиот тепих што потсетува на хипноза. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Москино“ во Италија, дизајниран од Франко Москино

Хотелот „Москино“ во Милано, Италија, е дизајниран во неокласицистички стил. Секоја соба е поинаква и именувана. Можете да спиете во собата со четири дрвја наречена „Шума“ или пак на креветот покриен со рози во собата позната како „Животот е кревет од рози“. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Le Bellechasse“ во Франција, дизајниран од Кристијан Лакроа

Овој мал хотел има богато дизајнирани соби, каде што елеганцијата и сензибилноста се комбинираат со различни дезени, бои и стилови од периодот на ренесансата. Исто како и облеката, така и собите дизајнирани од Лакроа имаат за цел да ја поттикнат имагинацијата. Уникатно дизајнирани хотели

„Uxua Casa“ во Бразил, дизајнирана од Вилберт Дас

„Uxua Casa“ се наоѓа сред преубав тропски пејзаж во Баија, во Бразил. Голем дел од ентериерот е изработен од природни материјали, својствени за таа област. На тој начин Дас се обидел да го долови ентериерот на луѓето кои живееле во оваа област во изминатите 500 години. Тушевите се изработени од дрво од еукалиптус, а за осветлувањето се погрижиле членовите на едно локално племе. Уникатно дизајнирани хотели

„Палатата Версаче“ во Австралија, дизајнирана од Џани Версаче

„Палатата Версаче“ на Златниот брег во Австралија, дизајнирана е според куќата на Џани Версаче. Оваа палата има раскошен ентериер: мермерни подови, кристални лустери, огромни столбови и прекрасен базен во задниот дел. Во собите преовладува луксузот на свилата, уникатниот мебел и разновидноста на бои и дезени. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Мисони“ во Кувајт, дизајниран од Мисони

Хотелот „Мисиони“ во Кувајт во 2011 година, е вториот од овој синџир хотели. Секоја од 165-те соби има поглед кон Персискиот залив. Линиите во собите се јасни и се во контраст со топлите бои и дезените на ѕидовите, прекривките и завесите. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Раундхил“ во Јамајка, дизајниран од Ралф Лорен

Хотелот „Раундхил“ во Јамајка е изграден во 1952 година и бил долгогодишно засолниште на Ралф Лорен и неговото семејство. Гостинската соба, позната како Ананас соба, Лорен ја дизајнирал во класичен стил. Ентериерот во собите наликува на самиот остров, бидејќи подот е изработен од бел камен, во собите се забележуваат интензивни бои и многу светлина. Сето тоа е надополнето со прекрасниот поглед кон заливот Монтего. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Армани“ во Дубаи, дизајниран од Џорџо Армани

Лоциран некаде во средината на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, хотелот „Армани“ нуди најразлични соби, од мали и компактни до пространи апартмани за бизнисмените. Сите соби го имаат потписот на Армани – симбол за елеганцијата. Собите се дизајнирани за оние кои го обожаваат дискретниот луксуз. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Саут Бич“ во Флорида, дизајниран од Тод Олдман

Арт – деко ентериерот во Хотелот „Саут Бич“ во Флорида изобилува со бои инспирирани од плажите во Мајами. Во голем дел од собите може да се забележат тапети. Неодамна, Тод Олдман беше поканет да дизајнира уште 20 соби во еден новоотворен хотел, а тој собите ги обои во нијанси на портокалова, розева и црвена боја, како симбол на зајдисонцето во кое посетителите уживаат. Уникатно дизајнирани хотели

Хотелот „Schlosshotel“ во Германија, дизајниран од Карл Лагерфилд

Дизајнот на хотелот „Schlosshotel“ во Берлин, Германија, претставува дизајн во еден тежок, класичен стил, од слики во дебели позлатени рамки, до тапацирани кревети во бисерно розеви нијанси. Овие соби изобилуваат со луксуз и традиционална удобност. Уникатно дизајнирани хотели


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар