Претходно
Уникатен моден додаток: Круна со пеперутки
Ако сакате нешто оригинално и креативно, тогаш овој моден додаток е совршен за вас. Станува збор за круна со пеперутки, рачно изработена – секој дизајн е уникатен и исклучителен. Составена е од материјал кој може да се намокри без да се оштети, и најважно од сè, нема да ја изгуби својата боја со тек на време. Ирина Осинчек-Чајка, дизајнерот на овие модели, ги препорачува за посебни настани како свадби и слични свечености. Па, што мислите за оваа круна? Би ја носеле?