Уникатен и модерен накит кој го отсликува секојдневното
Овој уникатен накит е дел од колекцијата „Snapshot“, направена од израелското дизајнерско студио „Yael + Tal“. Колекцијата е составена од обетки, ѓердани и нараквици на кои се претставени минијатурни луѓе, кои одмараат седнати на клупа или на некоја лулка. Името на колекцијата сугерира на секојдневни сцени кои се фатени во вистинскиот момент и на тој начин остануваат овековечени засекогаш. Дизајнерите преку оваа прекрасна колекција од модерни и уникатни парчиња накит изработени од злато и од сребро, сакаат да ни ја претстават убавината на секојдневното.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.