Уморен од предрасудите кон жените со поголема телесна тежина, овој артист ги претвора во уметност

Уморен од предрасудите кон жените со поголема телесна тежина, овој артист ги претвора во уметност

Време е да се согласиме дека убавината доаѓа во сите форми и големини и дека најпривлечниот дел е да ви е удобно во својата кожа. Нема нешто што е посекси од висока самодоверба. Сепак, медиумите продолжуваат да објавуваат фотографии од совршено обликувани тела и нашите мозоци едноставно не можат да не го перципираат тоа како норма.

Токму затоа и бразилскиот артист Едуардо Сантос, познат како Edull на социјалните мрежи, решил да направи нешто за да го промените тоа. Тој ужива во облините и сака целиот свет да го знае тоа. Користејќи го својот неверојатен талент, тој ги претвора секојдневните жени со поголема телесна тежина во слатки анимирани карактери. На тој начин тој не само што им помага да ја вратат својата сила, туку им праќа порака и на малите девојчиња дека треба да ги ценат своите тела.

„Отсекогаш сум сакал дебелки девојки и често сум страдал од предрасудите што тие ги чувствуваат. Но, мислам дека најдов совршен начин како преку својата уметност да му покажам на светот дека и дебелата жена е нормална жена, исто толку убава како и сите останати“, вели Сантос.

Тотално се согласуваме со размислувањето на овој артисти. Погледнете ги неговите дела во продолжение и уживајте во неговата работа…

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар