Уметноста скриена во животинските очи
Се сеќавате на ерменскиот фотограф, професор по физика, математика и астрономија Suren Manvelyan, кој ги „позајмил“ очите на неговите пријатели, колеги и ученици за да направи фантастични макро фотографии, кои ја претставуваат комплексната структура на човековото око? Кога ја направил таа серија т.н. „Твоите убави очи“ тој не помислувал дека ќе види нешто толку магично. Импресиониран од фантастичните резултати, тој решил да не застане тука.

Црн зајак
Неговата нова фотографска серија т.н. „Животински очи“ покажува зачудувачки диверзитет на бои и различна структура на окото кај секое животно, што од своја страна, ги доведува набљудувачите да се запрашаат за начинот на кој тие го гледаат и перцепираат светот околу себе. Според изгледот на окото, на некој начин, ни изгледа како да можеме да го одредиме карактерот на секое животно. Ова е уште едно фантастично ремек-дело на Suren Manvelyan. Се надеваме дека овој уметник, и понатаму ќе не изненадува со неговите волшебни фотографии. Уживајте!

Тигрест питон (албино)

Тигрест питон

Кајман, вид рептил

Лево око на куче од расата хаска

Десно око на куче од расата хаска

Око на риба

Сијамска мачка

Син рак

Хиена

Коњ

Игуана

Полжав

Повторно око на риба

Крокодил

Стерлет, вид кечигова риба
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.