Уметност, шминка и убавина
Има нешто интригантно, нешто што скокотка во фотографиите на германската фотографка Даниела Гланз. Шминката е пренагласена, ја има во преголеми количини, така што тематиката во овие уметнички дела е повеќе експресионистичка, а не обид да се прикаже уметноста на шминкањето. Нејзиниот стремеж најверојатно е да ги прикаже емоциите, моќта и внатрешната убавина на жената, преку надворешно боење на лицето.Очигледно е дека овие уметнички дела се резултат на тимска работа, бидејќи уметноста прикажана преку шминката е навистина воодушевувачка, но мора да се признае и дека фотографот дефинитивно знае да го „улови“ вистинскиот момент и агол. Даниела Гланз сака да си поигрува со убавината, сексапилот и дрскоста на жената. Во нејзините дела, таа ја прикажува нејзината потреба да експериментира, да излезе надвор од традиционалната уметност и да го прикаже модерниот начин на живот на жената, низ спектарот на бои на шминката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.