Уметност од конци
Францускиот уметник Себастијан Прешо (Sébastien Preschoux) е виновникот за оваа неверојатна вткаена серија на уметнички инсталации, кои ги соединуваат геометријата, креативноста и фотографијата во едно.
Неговата „ноктурна“ серија, како што тој ја нарекува, ја карактеризираат прецизни шаблони направени од конец растегнат низ делови од мирни и спокојни шуми. Со камера и добро поставено светло, Себастијан прави прекрасни фотографии од неговите скулптури од конец за да ги сподели со светот.
Ниедна од овие слики не е направена или обработена во Фотошоп, а сите тие се резултат на доброто и прецизно поставување на нишките и аголот на фаќање на моментот.
.
„Првата моја ваква инсталација ја направив во една шума во Аргентина. Навистина беше пријатно искуство да работам во природна средина и никој да не ме вознемирува, ниту да ме брза. Исто така, дрвата се покажаа како навистина добра основа за моите дела, бидејќи се цврсти и не мора да се плашиш дека ќе уништиш нешто. Уживам кога ќе успеам да направам една колоритна нишка во средина која апсолутно нема ништо графичко и планско во неа.“