Претходно
Уметност од изрезбана храна
Автор: Симона Ристоска
Илијан Илиев е фотограф од Манчестер, Велика Британија чие 20-годишно искуство во светот на фотографијата, резултирало со еден необичен и карактеристичен стил на доловување мртва природа. Во фокусот на неговите фотографии се наоѓа изрезбана храна, но она што ги прави фотографиите комплетни, покрај оригиналната резба направена од негова рака, е острото уметничко око на Илиев. Самиот вели дека интересот во креативно прикажување на храна и пијалаци произлегол од неговата пасија кон готвењето. Погледнете го нашиот избор од неговите најинтересни фотографии со храна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
многу интересно 🙂