Уметност насликана на илјадници книги
За разлика од останатите нормални љубители на книги, лосанџелешкиот артист Мајк Стилки, нив ги користи не за да ги прочита, туку како подлога за цртање. Овој уметник подредува во висина стотици стари книги и црта по нивниот бочен дел, употребувајќи мешавина од мастила, дрвени боички, лак и акрилни бои. Него отсекогаш го привлекувало цртањето, не само на хартија, туку и на омоти од цедеа, на страниците на книгите и на нивните корици.
„Ги имам овие книги и никогаш не планирам да ги прочитам, но ги сакам од некоја причина, не знам која е таа. Така, еден ден почнав да цртам по нив.“
„Сакам да гледам на моите цртежи, како на една џиновска поема. Всушност, јас никогаш немам некоја конкретна идеја за тоа што планирам да правам. Едноставно се внесувам во цртањето и на крајот излегува на начин на кој не сум очекувал дека ќе излезе. Навистина се трудам да не правам многу корекции.“
Мајк црта меланхолични, понекогаш чудни и ексцентрични ликови, збогатувајќи ги со надреални моменти, емоционална длабочина, поетичност, мистерија и духовитост. Според нивната тематика, неговите дела ја претставуваат човековата фантазија и бајките.
Мајк Стилки е роден во Лос Анџелес, Калифорнија во 1975 година и има завршено виша школа на колеџот Санта Моника во 1997.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
WoW