Уметност на дрво инспирирана од јапонските кимона
Одри Кавасаки, една од најталентираните артистки, вчудовидува со новата серија наречена „Hirari Hirari“ која во превод од јапонски значи звукот или движењето на лист од цвет или цвет кој полека паѓа. Таа повторно го користи својот добро познат потпис од масло, графити и мастило на дрвени панели и создава прекрасни и енигматични цртежи од млади девојки.
Нејзината најнова работа е инспирирана од кимоната кои ѝ биле подарок од нејзината мајка. Со помош на боите и мотивите кои се наоѓаат во традиционалните јапонски додатоци за домот и изгледот, таа создава модерна и традиционална уметност која е истовремено и невина и сензуална. Погледнете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.