Уметник им додава ликови од цртаните филмови на сивите градови
Кога станува збор за уличната уметност, обично постојат две различни мислења. Некои велат дека е тешко тоа да се нарече уметност и дека ја уништува архитектурата на градовите, а други сметаат дека тоа е уметност што ги бои сивите бетонски ѕидови и им дава живост на старите згради. Сепак, уметникот што се крие зад името Ефикс не е само уличен уметник, туку и графички дизајнер и музичар. Тој ја користи својата уметност за да го обнови грдиот градски пејзаж вклучувајќи ги пукнатините во бетонските ѕидови, скршените цевки и сл. Тој се служи со хумористични ликови од цртаните филмови кои совршено се вклопуваат во ѕидовите и во тротоарите и ги прават улиците да изгледаат поживо.
За повеќе фотографии продолжете на следната страница…